Светската куќа на фудбалот (ФИФА) во следниот период планира да промени голем дел фудбалски правила како натпреварите би ги направила далеку поатрактивни за обичниот навивач.

Едно од правилата кое би требало да стапи на сила во следниот период е тоа во кое голманите нема да може долго да ја задржуваат играта. Голманот откако ќе ја фати топката ќе има право само осум секунди да ја држи во своите раце. Доколку судијата оцени дека голманот ја држи топката подолго од дозволеното време ќе досуди корнер за противничкиот тим.