Трагична вест доаѓа од Шпанија, каде што почина Нико Идалго, поранешен фудбалер на Јувентус, Гранада, Кадиз, Расинг и Екстремадура.

Идалго имаше 32 години и боледуваше од рак на белите дробови кој метастазирал.

Кариерата ја заврши во јануари 2022 година, но последниот натпревар го одигра на 9 мај 2021 година, каде на теренот мина 89 минути за Екстремадура.

Последователно, му беше дијагностициран напреднат рак на белите дробови со метастази.

Својата битка за живот ја започна во онколошката болница во Гранада, но за жал, по неполни три години борба, неговото срце престанало да чука.