Трагична вест пристигна денеска од Црна Гора. Голманот на црногорската фудбалска репрезентација Матија Шаркиќ (26) почина откако му се слоши во хотелски апартман во Будва.
По одличната сезона во англиски Милвол и веројатно позицијата прв голман на репрезентацијата, особено по одличниот настап пред десетина дена против Белгија, Матија замина на заслужен одмор, но потоа се случи голема трагедија.
Лондонскиот клуб се огласи и ги извести навивачите за предвременото заминување на голманот, а сега се огласи и неговиот брат близнак, исто така фудбалер, Оливер Шаркиќ.
Само неколку дена по венчавката, Оливер на својот Инстаграм профил објави црно-бела фотографија од церемонијата заедно со Матија со емотикон со големо срце меѓу нив. Неодамна со Дечиќи тој стана шампион на Црна Гора.
Оливер и Матија се родени во Гримсби, Англија и заедно поминаа низ младинските селекции на Андерлехт, бидејќи нивниот татко работеше во Белгија. Подоцна фудбалскиот пат ги раздели, но и двајцата изградија успешни кариери.