Кошаркарите на МЗТ Скопје со синоќешната победа против Цибона (87-74), трета во низа во финишот од сезоната, дојдоа во ситуација да го избегнат последното место во АБА кое директно води во понизок ранг, за што ќе им треба и помош од Будуќност во вид на триумф на денешниот меч против Борац Чачак.
Српскиот тим е пред императив на победа, со која би се изедначиле со македонскиот шампион со скор 7-19, но би биле подобро пласирани поради двата успеха во меѓусебните пресметки.
Но, најверојатно исплашени пред гостувањето кај далеку подобриот тим од Подгорица, чачани трета недела по ред плачат за средбите на МЗТ изразувајќи сомнежи дека нивните триумфи не се чесни.
Овој пат, ваквите размислувањаа ги изнесуваат преку профили на социјалните мрежи, кои не се официјални, но се под директно влијание на управата и го носат истото име на клубот.
„Очекувавме победа на МЗТ, но не ваква. Ништо слично досега не сме виделе, ова е дефинитивно скандал кој долго ќе се памети во оваа смешна лига. Време е АБА-лигата да поработи на местењето натпревари, бидејќи ова е смешно и очигледно“, пишуваат на профилот кој го носи името Борац Чачак.
Ваквата остра реакција е илустрирана со промашувањето на Ловро Мазалин на положување, кога топката му се излизна од рацете и наместо низ обрачот заврши во врвот од таблата.
Neverovatan preokret MZT-a protiv Cibone.
Prvak Severne Makedonije je gubio 41:53 na poluvremenu, ali trenutno ima 75:58.
Promašaj Mazalina koji najbolje opisuje pad Cibone. pic.twitter.com/3b5EHwk5KS
— Basketball Sphere (@BSphere7) April 14, 2023