Над хрватскиот град Вараждин е забележан метеор, а потрагата по остатоците е во тек, соопшти денеска Вараждинското астрономско друштво.
Како што е наведено на Фејсбук профилот на таа организација, метеор со голема светлина над Вараждин забележал нивниот член Ален Певец.
„Болид над Вараждин! Вчера нешто пред полноќ Алан Певец забележал болид на својата аматерска метеорска мрежа, а го снимила и Глобалната метеорска мрежа заедно со уште 10-ина други мрежи кои следат вакви појави “, изјавија од Астрономското друштво Вараждин.
Како што објаснија, болидот е метеор со голема светлина што изгледа како огнена топка.
“Неговата појава понекогаш може да биде проследен со звук. Некогаш гори во атмосферата, а понекогаш неговите делови стигнуваат до површината на Земјата. Откако ќе го набљудуваме, тргнуваме во потрага по него. Сè уште чекаме подетални информации за него , бидејќи Глобалната Метеорска мрежа сигурно ќе обезбеди повеќе информации за тоа“, се вели во соопштението.