Четворица српски планинари преживеаја вистинска драма вчера при искачувањето на највисоката точка Проклетија Језерски врв од албанска страна, од долините на Валбона и Тет. Тие се заглавиле на планина завеана со снег, а еден од нив паднал од височина и тешко ги повредил екстремитетите, па со хеликоптер итно бил префрлен во болница во Тирана.

Албанската полиција соопшти дека повредениот планинар бил под надзор на лекар и дека по повредата не можел да се движи.

Во акцијата за спасување учествуваа повеќе од 50 полицајци.

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши на својот Фејсбук профил објави драматични фотографии од оваа акција.