Пријатели на социјалните мрежи со емотивни посвети се простуваат од познатиот македонски угостител Јоцо-Боними.

За него имаат само пофални зборови, нагласувајќи дека си заминал исклучително добар човек.

„Сочуство до семејството, пријателите и познаниците. Беше човек домаќин со голема душа. Од стариот ресторан „Боними“, најубавиот на „Партизанска“, па се’ до новото „Боними“ со срце си работеше. Редок човек и газда, беше за секоја почит“, пишуваат на „Фејсбук“.