Игор Богданов кој со братот близнак Гришко се прославија во француските медиуми, почина вчера на 72 години од својот живот, односно само шест дена по смртта на својот брат. Бил заразен со корона вирусот.

Францускиот канал БФМТВ објави дека Игор Богданов починал опркужен со децата и семејството. Бил хоспитализиран недела дена поради корона вирусот. Ниту Игор, ниту Гришко не биле вакцинирани.

Браќата работеле на француска телевизија од касните седумдесети години, каде воделе научнофантастични емисии. Нивните изјави често предизвикувале критики од научната заедница.

Крајот на 1990 години браќата ја одбраниле докторската дисертација. Меѓутоа, 2010 францускиот национален комитет за научни истражувања во областа на математиката и теоретската физика изјавил дека нивниот труд нема научна вредност.

Браќата поради својот изглед и пластични операции станаа доста популарни на интернет. Корисниците на социјалните мрежи често ги претставувале како владатели на светот, поради чии одлули паѓале влади и вредноста на криптовалутата.