Еден средношколец од Јута заедно со неговата мајка бил запрен од страна на полицијата бидејќи не застанал на знакот “стоп”. Како што рекле, тие доцнеле на неговото фотографирање со пријателите и последниот училишен танц бидејќи не знаеле како да врзат вратоврска.
17-годишниот Џејк Делео се трудел на сите начини да ја врзе вратоврската, дури и гледал совети на Јутјуб, но тоа никако не му успевало. Бидејќи доцнел за фотографирањето со своите другари од училиштето и последниот танц, тој и неговата мајка Кристи Картер влегле во автомобилот и тргнале кон настанот.
Одеднаш виделе како ги запира полиција бидејќи не застанале на “стоп” знакот. Полицаецот ги прашал зошто брзаат, а кога момчето му објаснило дека доцни поради вратоврската, тој го извел од автомобилот и му помогнал да ја врзе својата вратоврска.
Потегот на полицаецот го снимил мајката на Џејк, која открила дека тој не му напишал казна, а притоа им го спасил денот. Снимката ја споделила и полициската станица, пофалувајќи го својот вработен што им помага на граѓаните во неволја.