Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо вчера направи интересен потег на прес-конференцијата пред мечот меѓу Унгарија и Португалија, кога ги тргна шишињата кока-кола и им порача на сите да пијат вода.

Потегот на Португалецот за кратко време ги урна акциите на кока-кола за 1,6 проценти, со што компанијата загуби неверојатни четири милијарди долари, односно вредноста падна од 242 милијарди на 238 милијарди.

Роналдо не сака да пие газирани пијалоци, а очигледно не сака ниту да биде во нивна близина, па тоа најдобро го покажа на вчерашната прес-конференција.