Познатиот британски естетски хирург Тиџион Ешо беше обвинет дека ѝ давал ботокс третмани на пациентка во замена за интимни односи.

Ешо, познат по својата ТВ-емисија, му рекол на медицинскиот трибунал (MPTS) дека имал несоодветни емотивни односи со жената, наречена „Пациент А“, но не и сексуални односи – пренесува BBC News.

МПТС сепак заклучи дека во 2021 година, Ешо давал ботокс услуги во замена за интимни услуги во неговата ординација во Њукасл, и дека пациентката не била ранлива поради нејзината професија, односно прикачување на експлицитни снимки на платформата за возрасни „OnliFens“.

Дали е ова крај на неговата кариера?

На крајот на април, МПТС ќе се состане за да одлучи дали Ешо ќе може да продолжи да ја врши својата професија.

Ешо се појави во утринската емисија на ITV за да го даде своето медицинско мислење и да коментира за дискусиите за естетската хирургија.

Д-р Ешо е основач на клиниката „Ешо“ која има канцеларии во Лондон, Ливерпул и Дубаи, а има голем број клиенти, меѓу кои и познати личности.