Трагичната вест дека Кристина Миленковиќ (25) од Лебане починала во Швајцарија во неделата наутро била повеќе од шокантна за нејзините блиски кои за српските медиуми изјавиле „дека се уште мислат дека живеат во сон од кој сакаат да се разбудат“.

Да потсетиме, несреќата се случила во неделата околу шест часот наутро, откако девојката, како што се сомневаат, паднала под воз. Засега не е познато како се случила страшната трагедија. Инспекторите се уште работат на случајот и ги испитуваат сите околности кои довеле до смртта на девојката од југот на Србија. Истрагата траела со часови, а телото на девојката било пренесено на обдукција.

Роднината на Кристина Миленковиќ вели дека за трагедијата дознал во неделата, неколку часа откако ја изгубиле Кристина. „Нашата убавина ја зеде Господ… Верувајте ми, таа беше прекрасно дете, полно со љубов и не е фер што Господ ни ја зеде нашата принцеза“, со потиштен глас вели роднината на починатото девојче, додавајќи дека не знае точно како дошло до несреќата.

„Се уште не знаеме што точно се случило. Нејзиното тело се уште е на обдукција. Ни кажаа дека паднала под воз. Не разбирам како би го направила тоа, зошто, нема смисла за мене. Таа никогаш не би го направила тоа. Сè е чудно и неразбирливо. За тоа дека загинала не извести пријателка на Кристина, со која работела таму како келнерка“.

Како што објасни соговорникот, Крстина повремено одела на работа во Швајцарија. „Како и сите млади, таа повремено одеше таму да работи, за да заработи пари за својата иднина, училиште, воопшто за цел живот, вели роднината и продолжува:

„Ни требаат сите точни информации, причината за несреќата. Нејзините родители ја чекаат таа вест, бидејќи на овој начин луѓето не знаат што се случило и како наеднаш останале без детето.

Соговорникот повторил дека не може да поверува што се случило во Швајцарија „Не верувам дека можела да си направи нешто, мислам дека тоа било несреќен случај, таа ги преброди најтешките моменти во животот, а токму кога застана на нозе, се случила несреќа“, вели неутешната роднина и наведува дека Кристина на 10 февруари заминала во Швајцарија на работа.