Пејачот Фуад Баковиќ, познат како Дин, кој остана запаметен по големиот хит „Ја имам некого“ што го отпеа со Анабела Атијас, го напушти пеењето и се посвети на модниот бизнис.
Дин, всушност, откако ја нашол љубовта во Америка и започнал емотивна врска со режисерот Вил Фирсон Трети, почнал да дизајнира чанти.
Дин и неговиот партнер често објавуваат заеднички фотографии, а неодамна стигна и емотивна објава за 41-виот роденден на поранешниот пејач од неговиот партнер.
– За најсаканата личност, за личноста со стил, дарежлива, забавна, најрадосната личност што ја познавам! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! Апсолутно нема никој друг со кој би сакал да се впуштам во ова диво возење наречено живот. Навистина си ѕвезда. Продолжи да сјаеш. Те сакам.
Дин се повлече од јавната сцена на крајот на 2000-тите и се пресели во Америка. Таму се запишал на факултетот за моден бизнис на Институтот „Марангони“, кој го завршил.