За голем дел домаќинки велигденското украсување претставува вистинско задоволство, а тоа подразбира многу повеќе од само кошничка фарбани велигденски јајца.
Денес, на Велики Четврток познатите македонки споделија и дел од домашната атмосфера со своите пријатели на „Инстаграм“, откривајќи како изгледа декорацијата на трпезата каде ги фотографираа и трите Велигденски јајца.
На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите три велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики четврток и само ова јајце не скапува!
Првото вапцано јајце се нарекува уште и Господово и за него се верува дека е полно со моќ со која се лекуваат разни болести. Затоа ова утро на сите верници им е резервирано за обичајот, додека пак останатите јајца ги бојадисуваат на Велика Сабота.
Оваа традицијата ја почитуваат сите верници, а познатите и овој пат не пропуштија да споделат на мрежите дека навистина се вредни.
ТВ водителката Марјана Станојковска ги споила традицијата и естетиката, традиционалното и модерното, украсувајќи ја ова утро масата со сопствена декорица покрај трите црвено вапцани јајца.
ТВ водителката Снеже Велков е позната по тоа дека станува рано за да вежба и да подготви некој здрав оброк, па секојдневната рутина ја спои и со традиционалните предвелигденски адети – вапцањето на трите црвени јајца.
Планинарката Ирина Дишо, сопругата на пејачот Павле Камилоски, откако се породи по втор пат почна почесто да се огласува на социјалните мрежи па така беше и денес. Ирина не пропушти да ја испочитува традицијата па објасни дека ја негува и сака да им ја пренесе на нејзините дечиња.
И македонската пејачка и харфистка Сара Мејс дефинитивно е жена – домаќинка, која ја почитува традицијата.
Таа кажа добро утро пред да изгрее сонцето па сподели што направила.
Познатите Македонки секоја година имаат пракса да се пофалат со вапсаните јајца пред изгрејсонце, така беше и сега.
Празнично, весело, шарено, токму толку колку што е потребно да се внесе радост и свежина за овој празничен период.
Фото: printscreen/instgaram