Откако во јавноста осамна веста дека загинал бизнисменот Душко Чифлиганец, пријателите се простуваат од него на социјалните мрежи.

Бизнисменот Душко Чифлиганец (32), почина во Чешка, откако во саботата (02.08) доживеал несреќа на мото-трка во Брно, Чешка.

Душко, наводно, се здобил со тешки повреди на главата, а лекарите иако се бореле, не успеале да му го спасат животот.

Душко, кој е син на сопственикот на групацијата „Адора“, Ванчо Чифлиганец, и самиот беше вклучен во семејниот бизнис и долги години работеше како заменик претседател на групацијата и директор на Adora Living Solutions.

Во јавноста беше познат како страстен вљубеник во моторите, а последниве години се натпреваруваше и во мото трки.

Од познатиот бизнисмен се простуваат пријателите и јавните личности. Пораки со сочувство до семејството упатија Тамара Тодевска, Миро Кацаров, Игор Стефановски – Иџе, Миа Костова и други.

„Патувај со ангелите, златно дете“, напиша Миро и објави фотографија од нивните дружења.

Во продолжение, дел од нивните објави: