Американскиот актер Питер Грин беше пронајден мртов во својот стан во Њујорк. Имаше 60 години. Сега е откриено што пронашла полицијата на местото на настанот.

„Питер лежеше на подот, со лицето надолу, со повреди на лицето, крв насекаде…“ изјави неговиот сосед за „Њујорк дејли њуз“.

Гореспоменатиот медиум објави дека до неговото безживотно тело е пронајдена „чудна“ порака, „Јас сум сè уште Вести (I am still a Westie)“, алудирајќи на ирско-американска банда од 1970-тите што дејствувала од „Хелс Кичен“.

Новинарите на PageSix го контактираа неговиот менаџер за коментар, но тој сè уште не одговори.

Грин беше прогласен за мртов во петокот откако беше пронајден во несвест во неговиот стан во Лоуер Ист Сајд. Полицијата за „Њујорк пост“ изјави дека не се сомневаат во убиство, но дека причината за смртта ќе ја утврди судскиот испитувач.

Питер Грин беше познат по своите улоги на негативци. Многумина го паметат по неговите улоги во филмовите „Маската“ и „Евтина фикција“.