Дарко Лазиќ денеска околу 15:10 часот доживеа несреќа во Земун. Тој со своето БМВ Х5 удрил во камион управуван од друг маж.

Полицијата извршила истрага, а како што пишуваат медиумите Дарко е приведен.

Пред тоа на лице место му бил направен алкотест кој покажал дека нема алкохол во крвта.

Инаку, Дарко на полицијата и ја покажал возачката дозвола од Чешка, а српската му била одземена поради казнени поени.

Предниот дел од автомобилот на Лазиќ бил смачкан, додека комбето има оштетувања одзади. За среќа нема повредени.