Хусеин Коториќ, полицаецот кој вчера беше ранет од полудениот убиец Нермин Сулејмановиќ во крвавиот пир во кој Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга и уште две лица, по трагичните настани зборуваше за Телеграф.рс. Во морето информации што кружеа вчера се појави и таа дека Коториќ им подлегнал на повредите. За среќа, тоа набрзо беше демантирано, како што потврди и самиот Коториќ.

– Имено, по укажаната помош во болница, тој е пуштен на домашно лекување. Кога го контактиравме, тој имаше само едно да каже: „Благодарам за грижата, добро сум“, пишува Телеграф.рс. Тој не сакаше ништо да каже за самиот настан, како што налага неговата професија.

Да потсетиме, Нермин Сулејмановиќ (35) во петокот уби три лица, а уште толку повреди во Градачац кај Тузла во Босна и Херцеговина. Починале неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, младиот Денис Џенгиз (23) и неговиот татко Ондер Џенгиз, турски државјани, кои убиецот ги познавал и со кои имал конфликт.

Покрај Коториќ, Сулејмановиќ ги ранил и братучедот на убиената Низама, Недим Памуковиќ и Хариса Џенгиз, сопругата и мајка на убиените Ондер и Денис Џенгиз.

Лекарите се борат за животот на Хариса, која со тешки повреди била примена во болница. Во болница е хоспитализирано и деветмесечното бебе на убиецот и убиената. Детето било пронајдено во куќата во која била убиена нејзината мајка, а превентивно било хоспитализирана на Одделот за педијатрија во УЗ Тузла.