Новата водителка на „Ѕвезда Гранда“ Ана Севиќ ќе заработува значителна месечна сума.

– Кога Сања Кужет ми кажа дека е бремена и дека на крајот на февруари ќе биде во петтиот месец, бидејќи тешко ја поднесува бременоста, помислив дека не е добро да продолжи со емисиите. Ана Севиќ веднаш ми падна на памет затоа што таа уште порано беше водителка, рече Поповиќ.

Извор за српските медиуми открил дека Поповиќ решил да го одврзе ќесето.

„Одлуката ја донесе Поповиќ, кој сака да го врати стариот сјај на натпреварувањето. Саша преговараше со Ана и се договорија за цифра од 5.000 евра месечно“, изјави тој.

Потсетуваме, Ана пред неколку дена изјави дека и е чест повторно да застане на сцената на „Ѕвезда Гранда“.

„Имам неверојатен набој на емоции и ова беше навистина понуда што не можев да ја одбијам, со оглед на тоа што емотивно сум врзана за „Ѕвезде Гранда“ и што тие беа огромен пресврт во мојот живот“, изјавила меѓу другото.

Поранешната водителка Сања Кужет се прости од колегите и публиката која досега верно ја следеше на Инстаграм.