Храбра жена, посветена мајка, човек со голема душа.. Вака за „Фокус“ колегите ја опишуваат познатата пејачка Андријана Андреевска која ја загуби битката со ракот.
-Три години лавовски се бореше со лошата дијагноза, рак на белите дробови. Храбра жена, посветена мајка, човек со голема душа, раскажуваат нејзини колешки за ,,Фокус”.
Македонската фолкерка речиси две децении беше присутна на домашната сцена, иако не се експонираше премногу во медиумите.
Публиката ја памети по нејзините впечатливи фестивалски настапи, а често ја бараа и нашинците во дијаспората.
Во 2014 година ѝ се случи семејна трагедија, кога нејзиниот долгогодишен партнер почина.
„Помина една година од неговата смрт, а јас се’ уште не сум спремна, се’ уште немам храброст да зборувам за сето она кое се случи. Бевме заедно цели 16 години, тоа е животот, секој со своите маки“, раскажа таа за „Фокус“ пред седум години.