Бенџамин Киплагат, спортист од Уганда, е пронајден мртов во Кенија, соопшти полицијата, пренесува France24.com.

Според пишувањата на локалните медиуми, Киплагат бил пронајден во автомобил со убодна рана во вратот, а се претпоставува дека бил нападнат и избоден до смрт.

Киплагат, Кениец по потекло, ја претставуваше Уганда на 3.000 метри стиплчез и учествуваше на неколку Олимписки игри и Светски првенства.

Неговото тело е пронајдено во близина на градот Елдорет, каде што живеат многу спортисти.

– Покрената е истрага, а полицајци се на терен и го истражуваат случајот – изјави полицискиот командир во Елдорет, Стивен Окал.