Шокантна сообраќајна несреќа се случила утрово на националниот автопат Волос-Лариса во Грција, кога камион се превртел во блзиина на Латомеион, објавија грчките медиуми.

По сообраќајната несреќа следела голема операција на противпожарната единица за извлекување на возачот.

На магистралниот пат сообраќајот поради сообраќајката беше прекинат и десетици возачи беа блокирани од камионот кој превезувал лим и влегол во спротивниот тек.

Камионот превезувал лим и како што изјавил началникот на пожарникарите, не е исклучено во несреќата да учествувал и друг автомобил.

Погледнете ги фотографиите: