Шокантни фотографии од млада девојка која граѓаните ја пронајдоа во бессознание на улица во строгиот центар на Сплит денеска станаа вирални во Хрватска.

Како што неофицијално дознава Слободна Далмација, жената од фотографиите објавени на Фејсбук страницата Гет Директ, оваа сабота во 6 часот и 50 минути била примена на Итната помош поради акутна интоксикација.

Еден час подоцна и било дозволено да си оди дома со упатствата дадени од лекарот. Идентитетот на лицето од фотографијата што кружи на социјалните мрежи не е потврден, но според неофицијални информации вечерта и утрото во болницата во Сплит биле примени неколку женски лица, сите странски државјанки во слична состојба. Од полицијата одговорија дека не биле информирани за настанот.

На Фејсбук страницата Get Direkt објавени се фотографии од жена во лежечка положба. Случајни минувачи или пријатели заедно со итната медицинска помош се обидуваат да проверат дали е добро. На последната фотографија, женското лице беше подигнато на носилки од итната помош.

Објавата започна дебата во коментарите за однесувањето на луѓето, особено туристите, кои навечер излегуваат во центарот на градот и остануваат надвор до утрото. Авторот на фотографијата испрати детали со кои се потврдува автентичноста на фотографијата направена во периодот од 6 до 6:30 часот.