Сите кои го сакаат тенисот се сеќаваат какво искуство беше да се види Марија Шарапова на теренот. Висока, витка, елегантна убавица, грациозна како балерина, девојката која порасна во рускиот регион околу Урал ги маѓепса луѓето со својата игра и изглед.

Надвор од теренот, таа ја носеше најскапата дизајнерска облека и важеше за една од најелегантните жени, не само во спортот. Марија неодамна се појави во Париз на „Модната недела“ каде се одржа ревијата на Викторија Бекам, без многумина да ја препознаат. „Маша“ направи значајни промени во имиџот во однос на деновите кога брилјираше на теренот.

Русинката повеќе не носи светло руса коса, туку сега е бринета, а многумина се прашуваат дали имала некакви естетски интервенции на лицето.