Нова трагедија го потресе спортот. Одбојкарката Руксанда Димитреску, почина во неделата вечер на 46-годишна како последица од срцев удар.

Димитреску во кариерата настапуваше за две репрезентации, за Романија и за Грција, а најголема трага остави во дресот на Панатинаикос, за кого играше од 2003 до 2010 година. Со оглед дека остови голема трага во овој клуб, го повлече дресот со број 9 во нејзина чест. Освои седум титули во грчкиот шампионат и осум купа, а два пати беше прогласувана за МВП. Претходно настапуваше за Дачија Питешти. Кариерата ја заврши во Ираклис Кифисиас, во 2014 година.

За Романија играше во 1994 и 1995 година, а потоа во 2004 година се реши да игра за Грција, каде настапуваше се до 2009 година.