Бакнежот е едноставен и тивок начин да се покаже наклонетост и љубов. Во зависност од тоа каде е насочен вашиот бакнеж, тој може да симболизира различни работи и да има различно значење. На пример, бакнежот во образот е прилично платонски и може да се користи дури и при средба со пријател.

Бакнежот на усните, пак, обично се разменува меѓу романтичните партнери и симболизира страст, љубов и желба. Па зошто бакнежот во челото е често поемотивен и има поубава симболика од сите други?

1. Симболизира длабока врска меѓу вас – Бакнежот во челото првенствено симболизира длабока и значајна поврзаност од лична природа, па затоа не само што го практикуваат романтичните партнери, туку се применува во различни видови љубов. Можете да ги бакнете во чело вашите родители, дете, сестра, брат, близок пријател… Тоа укажува на силна наклонетост.

2. Личноста што ја бакнувате се чувствува ценета – Кога бакнувате некого во чело, тој или таа се чувствува обожаван и ценет. Ова може да каже многу за вашата врска со оваа личност – особено во романтична врска. Обожувањето и восхитот што ги покажува бакнежот во челото укажува на љубов која оди многу подалеку и подлабоко од обичната физичка страст и желба.

3. Челото е „прозорец кон душата“ – чакрата на таканареченото „трето око“ се наоѓа токму на челото на човекот. А токму во пределот на челото има жлезда наречена пинеална жлезда, а бакнежот во челото ја стимулира оваа жлезда, која произведува хемикалии кои придонесуваат за радост и ментална благосостојба . Зарем ова не објаснува зошто бакнежот во челото прави да се чувствуваме подобро?

4. Бакнежот во челото зборува за љубов и игра клучна улога во интимноста меѓу луѓето – Бакнежот во челото може да биде и израз на посебна наклонетост меѓу партнерите – „укажува на силна емоционална блискост “. Овој бакнеж често го споделуваат романтичните партнери и е едноставен, тивок начин да се покаже вистинската нежност и љубов.

5. Бакнеж во чело не е бакнеж меѓу две лица – тоа е бакнеж од една до друга личност. Ова ја покажува искреноста на бакнувачот и го прави посебен. Затоа бакнежот во чело е многу помоќен и романтичен отколку што мислат повеќето луѓе.