Холандија и Австрија ремизираа 37-37 на првиот меч од денешната програма во Вараждин, во рамките од последната рунда од групата 2 во главната фаза од СП 2027.

Двете селекции одиграа извонреден офанзивен меч, голманите немаа свој ден на двете страни, па се редеа атрактивни голови на двете страни. Во неизвесна завршница Австрија поведе со голот на Фримел со 37-36, но израмнување и бод за „лалињата“ донесе Ферстајнен. Стајнс со седум и Тен Фелде со шест гола беа најефикасни во македонскиот табор, додека прв стрелец на Австрија беше Фримел со седум погодоци.

Ремито на овој натпревар дополнително ја компликува работата за нас во пресрет на последниот дуел со Франција. Македонија теоретски се уште има шанси и за четвртфинале (со победа над Франција и со пораз на Унгарија на вториот меч со Катар), но можеме да паднеме и на петтото место во групата. За да го избегнеме тоа и да завршиме четврти, неопходно ќе биде да загубиме со помалку од девет гола разлика на вечерашниот меч со Франција.

Италија имаше мундијал од соништата овој јануари, но „аѕурите“ во последното коло целосно потфрлија, губејќи од Швајцарија со убедливи 25-33. Ова беше дуел за третото место во групата, на кое на крај заслужено се наоѓаат Швајцарците по денешното беспрекорно издание, во кое во главна улога беа Рубин со 9 и Марос со седум погодоци.