Анѓелка Прпиќ повторно докажа дека е една од најдобро облечените жени во Србија.

Српската актерка Анѓелка Прпиќ синоќа во Белград присуствуваше на премиерата на филмот „Лето кога научив да летам“, а во оваа прилика го привлече вниманието на сите со својот одличен стил.

Совршено скроениот розов костум беше комбиниран со култните чевли кои ги прослави Кери Бредшо, а потпишани од познатиот дизајнер Маноло Бланик.

Анѓелка на црвениот тепих прошета во сини чевли, кои многумина ќе ги потсети на култниот модел „Маноло Бланик“ од „Сексот и градот“ кој Зверка и го подари на Кери.

Станува збор за салонки во сина нијанса, со високи потпетици и впечатлива светкава фиба во форма на квадрат, а се уште се продаваат по цена од речиси 900 евра.

Целиот аутфит Анѓелка го комплетираше со бордо чанта од модната куќа „Прада“. Како ви се допаѓа Вас?