Во новата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ дошло до жестока расправија меѓу СВетлана Цеца Ражнатовиќ, Александар Милиќ- Мили и Саша Поповиќ, поради што пејачката го напуштила студиото, јавуваат вечерва српските медиуми.
Имено, Саша Поповиќ при претставувањето на кандидатот жестоко и „удрил шлаканица“ на Цеца, на што таа не му останала должна и со коментар му покажала каде му е местото.
– А Цеца гледа, постојано сакаш да ка*аш, не сакаш да ка*аш. Кажи брате, налутено и рекол Саша на Цеца.
– Навистина не можам да ви вратам со таа терминологија, бидејќи ова е семејно шоу, одговорила таа.
– Се согласувам со Цеца, ова е семејно шоу и во семејството никој не ка*а, додаде Поповиќ, а во дискусијата се замешал и Мили.
– Знам јас каде пеев пред тебе, затоа престани да бидеш безобразен. Срами се за твоите зборови, јас те создадов, немаше ни гитара. Еве ти го човекот, па нека го води жирито, рекла налутено Цеца и го напуштила жирито.
– Разочаран сум од Милија како личност, но не жалам што соработував со него. Таа соработка беше плодна и траеше две децении, но заедно со Марина Туцаковиќ, која беше носител на проектот – изјавила претходно Цеца во емисијата „Ексклузивно“.