Рано утрово околу 5 часот и 47 минути во полиција се јавил Ненад Живковиќ (49), рецепционер во хотелот „Холидеј ИН“ во Белград, кој пријавил дека бил нападнат од фудбалерот Адем Љајиќ, кој престојувал во хотелот, со тоа што влегол во рецепција, го грабнал за јаката и му се заканувал дека ќе го претепа.
– При разговорот со оштетениот дознавме дека Адем Љајиќ (33) со друго непознато лице влегол во хотелот во видно алкохолизирана состојба, сакале да влезат во локалот, но рецепционерот им рекол дека не е отворен, по што Адем влегол во зад шанкот, го навредувал и заканувајќи му сего фатил за реверите, додека непознатото лице исто така го навредувало и му се заканувало, објавија утрово белградските медиуми.
Ги навредувал и им се заканувал на полицајците
При разговорот со Адем Љајиќ тој одбил да ја даде личната карта на увид, ги навредувал и им се заканувал на полицајците, поради што бил приведен во полициска станица.
При внесувањето и се заканил на патролата дека ги видел и дека ќе ги запамети, а по пристигнувањето во полициската станица им се заканил со зборовите „Сите ќе ве убијам како кучиња“.