Водителката Снежана Дакиќ (54) на социјалните мрежи сподели видео кое веднаш предизвика лавина коментари, како што често се случува кога таа е во прашање.

Снежана, всушност, покажа како вози ролери во шорцеви и деколтирана маичка, а многумина беа импресионирани од тоа што е во одлична форма.

„Браво“, „мачка“, „каква жена, секоја чест“, порачале едни, додека други ѝ напишале: „не ти прилега на годините“, „во речиси 6-та деценија тие панталончиња не се за тебе“, „не е предрасуда, но на постара жена и изгледа навистина грдо, јас сум млада па се срамам, се испаѓа“ итн.

Инаку, Снежана само на Инстаграм ја следат огромен број луѓе, околу 140.000, додека таа е се поактивна на мрежите.

View this post on Instagram

A post shared by Snezana Dakic (@snezanadakic)