Брачниот пар Соња и Марко Миротиќ од Црна Гора 22 години се бореа да добијат дете, и оваа пролет конечно ќе станат родители, а нивната приказна за истрајност го воодушеви регионот.
Соња има 57 години, а нејзиниот сопруг Марко 69 години, потекнуваат од Подгорица, а нивната неверојатна борба за потомство вроди со плод по повеќе од две децении, за што зборуваа на ТВ Прва.
По осум спонтани абортуси, многу труд, маки, операции, оплодувања, паузиравме, малку се откажавме од тоа. Случајно, Вања (Милошевиќ, гинеколог) ми е братучетка, неколку пати ја посетив и ме упати кај д-р Ана Јеремиќ, која потоа нè испрати во Скопје, бидејќи таму не постои возрасна граница за донација на јајце-клетки. Така ја продолживме таа борба и ете, се оствари“, изјави Соња, која за неколку дена влегува во осмиот месец од бременоста, а борбата за потомство ја почна на 35 години.
На прашањето дали има фази кога сакала да се откаже, кога веќе немала сила да се бори, Соња одговори:
Секако дека да. Телото се исцрпува од толку многу терапии, психата почнува малку да слабее, финансиите се исцрпуваат… Сето ова е една голема причина да не се продолжи веднаш. Во Црна Гора, старосната граница за жените да се подложат на инвитро-оплодување е од 45 до 47 години. Мислам дека е исто и во Белград.
Јас веќе почнав да се предавам малку, требаше да се откажеме, но благодарение на нашата добра пријателка Зденка, која беше упорна дека моравме да продолжиме да се бориме да се реализираме како родители, успеавме“, заклучи Соња.