Јули е месец кога се користи периодот да се избегнат „тешките горештини“ дома, па затоа најдобро е кога е најжешко да се биде некаде покрај вода, на плажа. Јули е шпицот на сезоната кој многумина меѓу кои и оние од естрадата го користатда заминат на некоја егзотична дестинација како што тоа го направи македонската фолкерка Сузана Гавазова.
Имено, таа и нејзиниот сопруг Јасмин со двете ќеркички ги полнат батериите на познатите грчки острови. Гавазова позната по тоа што сака да споделува фотографии од приватноста и овој пат покажа како ужива со семејството, ама покажа и нешто друго.
Атрактивната струмичанка во мини бикини со апликација на банкноти од долари, како мачка со заводлив „ cat walk“ се прошета по дрвената платорма покрај отворениот базен, најавувајќи ја сета егзотика на локацијата како и сопствената телесна еротика што ја сподели на сончевиот ден.
Ракошна и расна, каква што ја дал Бог и создала мајката природа, Гавазова ги истури сите свои телесни атрибути пред фотообјективот, создавајќи таков еротски набој од кој запира здивот.
Убави долги нозе, стројна во снагата, раскошна и бујна однапред, сексапилната струмичанка своите следбеници ги остави на Инстаграм со очи ширум отворени да гледаат во нејзините провокативни пози во недоглед!
Она што е забележливо е дека фолкерката претерала со мерката, поточно со сончањето под навидум благите сончеви зраци, па Гавазова онака, како рак поцрвенета, евидентно е дека се подзаборавила, па го изгорела целото тело, особено лицето и градите.
Арно ама, за кога ќе се врати дома и на настапите ќе облече на себе нешто со длабоко деколте, за да не изгледа во градите шарена како зебра, итрата струмичанка веднаш смислила како да го реши настанатиот проблем.
Затоа веќе другиот ден Гавазова без комлекс се соблече топлес! До душа,а да го изедначи тенот на бујната предница замина на една „дива плажа“… Барем така изгледа околината на која нема жива душа додека пејачката така разголена се сонча.
Патем, и овие моменти пејачката ги овековечила со понекоја разголена фотографија, но сепак свртена со грб кон камерата. Намерата и била да не покаже експлицитно со што располага однапред, со какви бујни гради, но затоа Гавазова покажала како изгледа одзади.
Длабоко вовлечената танга од нејзиното мини бикини ги открива сите убавини на нејзините облини, одзади. Извајано – заоблената задница на струмичката убавица онака заруменета и зацрвенета, исто така не смееше да остане неисончана… и незабележана.
Дали и колку време потоа Гавазова не можела „комотно“ да седне на неа… знае само пејачката!? (вистина.мк)