Почина легендарната Брижит Бардо. Светската дива имаше 91 година.
Брижит Бардо беше француска актерка, поранешeн модел, пејачка и активист за правата на животните, којa стана еден од најголемите секс-симболи на 20 век.
Бардо во младоста била балерина, а во 1952 година ја започнала својата актерската кариера. Во 1956 година станала светски позната со контроверзниот филм ” И Бог ја создал жената ” , кој постави нови стандарди за прикажување на женската сексуалност на големиот екран.
Бардо има глумено во 48 филмови , се појавила во серија на емисии и има снимени 80 песни. Непосредно пред 40-тиот роденден Бардо се повлекува од забавната индустрија за да биде целосно посветена на активизмот и борбата за правата на животните.
Во 1990-те предизвикала контроверзии со своите ставови за имиграцијата, меѓурасните односи, исламот во Франција и хомосексуланоста , а пет пати била осуденa за “поттикнување на етничка или расна омраза”.
Жена која била сон на секој маж во 50 -тите и 60- тите години , секс -симбол , прекрасна жена , пример за оригиналост во тоа време на предрасуди, феминистичка икона и симбол на сексуалната слобода …. Едноставно само кога ќе се каже Брижит Бардо веднаш се помислува на убавина , сексипилност и гламур .

