Дваесет и седумгодишен возач загина во близина на хрватскиот град Задар, откако автомобил удрил во надвозник во близина кај Бенковац во вторникот вечерта, извести утрово задарската полиција, пренесуваат хрватските медиуми.
Несреќата се случила околу 22.50 часот кога 27-годишникот, управувајќи „ауди“ со задарски регистерски таблички од правец на Бенковац кон Кожловац, поради неприлагодено вртење изгубил контрола над воланот. Настраданиот не бил врзан со сигурносниот појас.
Удрил во надвозник и починал на местото на несреќата.
Поради увид, сообраќајот на делницата ДЦ-56 од патот бил во прекин од 23 до 02 часот и се одвивал по заобиколен пат.