Родион Амиров, хокеарот на НХЛ тимот Торонто мејпл лифс, почина на само 21 години од тумор на мозокот, потврди неговиот агент, Ден Милстајн.
Амиров беше 15. пик на НХЛ драфтот во 2020 година, и во 2021 година потпиша договор со Мејпл лифс, пред да ја помине таа сезона во КХЛ лигата со Слаавет Јулаев Уфа, за кои имаше 9 гола и 13 поени. Но, по повредата на стартот на сезоната 2021, прегледите покажаа дека има тумор на мозокот.
„Сите во Мејпл лифс се погодени од оваа трагична загуба. Родион водеше битка која ги инспирираше сите и направи огромен впечаток на сите наши фанови при кратката посета на Торонто“, изјави претседателот на Мејпл лифс, Брендан Шанахан.