Професионален рибар од Грција забележал ајкула на две милји пред пристаништето Закинтос, помеѓу Килини и Кефалонија, јавуваат грчките медиуми.
Искусниот капетан оддалеку ја здогледал ајкулата и пришол со својот чамец да види што точно е. Се изненадил кога открил дека се работи за ајкула.
Како што рече, во разговор за „ЕРТ Закинтос“, ајкулата воопшто не била агресивна, напротив била мирна и „пливала како делфин покрај неговиот чамец“.
Овој посебен вид ајкула е миграциски, се наоѓа на големи длабочини и не доаѓа на плажите.