Трагично животот го загуби пејачот Предраг Пеџа Бошњак, познат по учеството на музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд. Според информациите, тој загинал во несреќа откако паднал од својот мотор.

Трагедијата се случила на обиколницата околу Палиќ околу 16 часот и 35 минути кога, како што е засега познато, Бошњак изгубил контрола над моторот и излетал од патот.

Тој со тешки телесни повреди бил префрлен во Општата болница во Суботица каде и покрај големите напори на лекарите вечерва починал. Како што се дознава, тој возел на исток од клучката и излетал од патот поради непрописна брзина, пишува Суботица.ком.

Loading...

Оваа тажна вест ги потресе неговите пријатели, колеги и бројни обожаватели, кои почнаа да се збогуваат со него преку социјалните мрежи. Неговите профили на Инстаграм и Фејсбук беа преплавени со пораки со сочувство, изрази на тага и неверување.

Loading...