На Инстаграм страната hoperisesnetwork беше објавено необично видео кое покрена неколку прашања.
Како што е наведено во описот на видеото на оваа страница, жената се онесвестила додека возела, што го забележалo едно момче кор набрзо притрчало на помош обидувајќи се да ја стигне нејзината кола.
Момчето забележало дека синиот автомобил излетува од патот и дека автомобилот удира во заштитната ограда. За да ѝ помогне на жената и на другите возачи во сообраќајот, го запрел автомобилот и се потрудил на време да спречи поголема катастрофа.
На Инстаграм пишува дека успеал во таа намера и дека брзата помош пристигнала на време. Жената која ја доживеала оваа несреќа во Нова Англија е добро.
“Каков прекрасен човек. Спаси нечија ќерка, можеби и нечија мајка”, “За мене ова е вистински супер херој”, “Каков несебичен потег. Максимална почит”, велат на Инстаграм и го критикуваат човекот кој го снимил ова видео и се прашуваат дали не би било попаметно и да решел да помогне.
Нагласуваат на тоа како некои учесници во сообраќајот сигнализирале за вонредната ситуација што се случува, но и на пораката: „И сите снимаат наместо да помагаат. Тоа е нашата реалност“.
Дали некогаш сте биле сведоци на слична сцена? Дали сте имале слична несреќа на пат? Како би реагирале доколку се најдете во ваква ситуација?