Драгана Мирковиќ, која поседува милиони и живее во вистински замок во Австрија, успеала да ги оддалечи своите деца од јавниот живот.

Сега по долго време зборуваше за ќерката Мануела и синот Марко, а шокираше со изјавата колку скромни се нејзините деца, коментираат српските медиуми.

– Моите деца се најнормалните деца на светот, кои имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студира економско право, а Мануела завршува средно и работеше на рецепција, изјави Драгана.

Драгана потоа се осврна на пријателството со холивудскиот актер и истакна дека Ван Дам е многу запознаен со нејзината кариера и дека го запознала неговото семејство, а разговара и со неговата мајка.

– Ван Дам е неверојатен човек, се заљуби во моето семејство и ние сме одлични пријатели, а нè запозна сопственикот на Fashion TV. Луѓето од светскиот џет-сет се многу поприземни од нашите. Ван Дам знае повеќе отколку што треба за мојата пејачка кариера, изјави Драгана во емисијата „Прв ред“.