Тажен ден за сите нас!
Со неизмерна тага и болка ја споделуваме веста за прераната смрт на нашата сакана и почитувана колешка, пријателка и голем човек, професорката Ивана Ѓорѓева.
Замина тивко и достоинствено, како што и живееше! Скромна, човечна, нанаметлива и искрена пријателка, посветен и високо професионален професор и педагог.
Зад неа остануваат генерациите нејзини ученици и воспитаници, на кои целосно им се даваше, со нив се гордееше и постигнуваше резултати. Ние, нејзините колеги, ќе продолжиме да работиме носејќи ја со себе тагата и празнината од загубата на прекрасната Ивана!
Почивај во мир, наша сакана Ивана!
Утре, 17.12. 2021, со почеток во 09.00ч. во просториите на училиштето „Димитар Влахов“ ќе се одржи комеморација во чест на професорката Ивана Ѓорѓева.
Погребот ќе биде на Градските гробишта во 13.00ч.