Подгоричанецот Дејан Лакушиќ (52) е убиен околу 18 часот во престрелка што се случила на улицата Братство и Јединство, велат за подгорички „Вијести“ од Полициската управа.

Поради убиството на Лакушиќ, полицијата го уапсила неговиот сограѓанин Горан Алексиќ (59), кој се предал откако го извршил делото.

Според весникот „Вијести“, постои сомневање дека Алексиќ испукал неколку куршуми кон Лакушиќ, додека тој седел на терасата од кафеана на таа улица.

Убиениот Лакушиќ и е познат на полицијата од претходно. Тој беше уапсен на почетокот на годината, под сомнение дека го нападнал синот на Алексиќ, Стефан а потоа и пукал кон него.

Според „Вијести“, на убиството му претходел долгогодишен конфликт меѓу Лакушиќ и Алексиќ за имот.

На овој дел од улицата не се пропуштаат пешаци и автомобили.

📷

📷

📷

📷

📷

📷