Познатиот Нострадамус е добар пример дека кога ја предвидувате иднината колку сте понејасни, толку повеќе можете да бидете во право за поголем број работи, пишува ИФЛ Наука. Затоа неговите прогнози за идната 2022 година треба да ги земеме со резерва, а просто да уживаме во неговите средновековни реченици, како на пример:
„Од длабочините на Западна Европа, од родители сиромаси ќе се роди мало дете, Оној што со својот јазик ќе заведе голема војска. Неговата слава ќе се зголеми кон царството на Истокот“.
Со оваа фраза се смета дека Нострадамус го предвидел доаѓањето на Хитлер на власт во книгата Пророштва од 1555 година. Кој би помислил, нели?
А сега, да видиме што нѐ чека во новата година.
Астериодот кој ќе нѐ одмине
Дали Нострадамус го предвиде „Нереус 4660“, астероидот висок 150 метри и долг 329 метри кој месецов ја одмина Земјата? Па, во секој случај стилот на пишување му е драматичен.
„Гледам ли оган дека ќе падне од небото?“, е реченицата која за некои е предупредување дека во 2022 година астероид ќе падне на Земјата. За среќа, НАСА е тука да се погрижи тоа да не ни се случи.
Востание на роботите
Според Sky History , еден пасус на Нострадамус алудира на подемот на вештачката интелигенција во 2022 година, со упатување на некаков си бесмртен „мудрец“.
„Месечината во полна ноќ над високата планина. Новиот мудрец со осамен мозок ја гледа: Од неговите ученици повикани да бидат бесмртни, Очите на југ. Рацете во пазувите, телата во оган“.
Ако учениците се роботите, тогаш кој е мудрецот?
Климатската криза
Одвреме-навреме кај Нострадамус има пасоси кои ја „предвидуваат“ климатската криза.
„Како сонце, главата ќе го загрее сјајното море: живите риби на Црното Море сами ќе зовријат. Кога Родос и Џенова ќе бидат полугладни, локалното население да ги исече, ќе се труди“.
Хм, ќе беше покорисно ако напишел нешто за нафтата или за гасот кој поскапува.
Зголемените цени
2021 беше година на огромен скок на цените на гасот, но и на храната. Во еден пасос на Нострадамус тој ги спомнува зголемените цени на храната кои ги тераат луѓето да се јадат едни со други.
„Нема игумени, монаси, искушеници за учење. Медот ќе чини многу повеќе од восокот од свеќа. Толку високата цена на пченицата, Човекот сѐ разбранува. Неговиот ближен да јаде во својот очај“.