На социјалните мрежи е објавено видео од настап на пејачката Теа Таировиќ на кое се гледа како таа се бакнува со непознат, постар маж, за кој се пишува дека наводно и е новото момче.

Имено, на спорното видео јасно се гледа како Теа ужива во прегратките на избраникот и разменува бакнежи со него.

Сепак, како што откри извор близок до пејачката за Нова.рс, не се работи за ново момче, туку за оженет маж со кој тајно се гледала пред неколку години.

„Таа не е ново момче, тоа е нејзината стара комбинација, а видеото е старо од периодот кога тие двајца се забавуваа. Никогаш не биле во официјална врска, туку само во комбинација бидејќи тој е оженет маж. Некој сега го објави тоа видео, како и претходното експлицитно, кое беше објавено во јавноста. Постои можност и експлицитниот да е од тој период кога двајцата се гледале“, вели изворот за Нова.рс.

Да потсетиме, интимното видео на пејачката Теа Таировиќ се појави на социјалните мрежи на почетокот на јули годинава.

Станува збор за видео во кое пејачката наводно орално го задоволува својот партнер. За кратко време тоа видео стана едно од најгледаните на социјалните мрежи, а се најде и на сајтови за возрасни.