Турскиот кошаркар Енес Фридом (Кантер) упати навредлива порака до претседателот на Русија, Владимир Путин поради агресијата врз Украина.
Русија во четвртокот започна воена инвазија, што беше осудено од многу земји од меѓународната заедница.
Додека некои украински спортисти, како Сергеј Стаховски или браќата Кличко, се подготвуваат да земат оружје, а спортистkите како Дијана Јастремска се кријат надвор од границите на земјата, има и такви кои ја следат ситуацијата од страна.
Фридом пред неколку дена го повика НАТО да реагира и да ги спречи настаните во Украина, а сега објави навредлива порака и фотографија од Путин.
Тој го спореди претседателот на Русија со Адолф Хитлер и му посака да заврши во бункер и да се самоубие.
„Злобен Путине, ајде да забрзаме до делот кога ќе се застрелаш во бункер како кукавица“, напиша Фридом, кој претходно беше номиниран за Нобеловата награда за мир.
Од друга страна, легендарниор руски боксер Александар Поветкин ја поддржа специјалната операција на Русија во Украина.
– Силата е во правдата. Оваа добро позната фраза, изговорена од Сергеј Бодров, денес ја отсликува суштината на она што се случува во Украина, порача во видео снимка еден од најголемите руски боксери Александар Поветкин.
– Сите овие години се боревме за правдата, додека нашите беа истребени во Донбас. Затоа, јас сум за претседателот и неговата одлука да застане во одбрана на обичните луѓе, да го одбие нацизмот, кој паразитира, знаете на чија сметка. Секоја војна завршува, нека заврши оваа во следните неколку дена, порача Поветкин.