– Двајца борбени ветерани на американската армија, од Тексас и Охајо, доброволno сега се на фронтот источно од Киев, бранејќи ја Украина, објави на својот Твитер профил воениот известувач Нолан Петерсон, кој објави фотографија од двајцата ветерани.

Петерсон е поранешен пилот за специјални операции на воздухопловните сили на САД и ветеран од војните во Авганистан и Ирак. Петерсон е воен репортер во Украина од 2014-та година и важи за добар познавач на тамошните случувања. Неговите известувачки авантури од кризни подрачја го однеле на сите седум континенти.

Тој живее во Киев со неговата сопруга Лилја. Како воен дописник, Петерсон опширно известуваше од линијата на фронтот во источна Украина, Авганистан и Ирак.