По финалето на овогодинешната сезона на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, на Саша Поповиќ му истекува договорот со „Гранд продукција“. Иако сè уште нема донесено конечна одлука за ова прашање, тоа значи дека, доколку соработката не продолжи, тој повеќе нема да биде водител на оваа натпреварувачка шоу програма.
Како што пишува српски Курир, ново задолжување ќе добие и Александар Милиќ Мили, па ќе ги преземе аудициите за новата сезона на натпреварувањето, која наскоро ќе почне да се одржува во поголемите градови низ Србија и регионот.
Инаку, Саша се уште размислува под кои услови евентуално би го продолжил договорот со матичната компанија, но се уште не е сигурен за која опција на крајот ќе се одлучи.
Доколку не го продолжи договорот со „Гранд“, планот на Поповиќ е најголемиот дел од годината да го помине на море во Хрватска, поточно во Опатија, каде што подолго време поседува недвижен имот. Таму ќе омара во друштво на сопругата Сузана и ќе ужива во пензионерските денови, додека во Белград ќе доаѓа само кога ќе има важни обврски кои не треба да ги пропушти.
– „Ѕвездите на Гранд“ не би биле тоа што се без Саша, кој се вложи целиот во тој проект. Затоа и не чуди што овој формат со години е еден од најгледаните. Сепак, самиот Саша на почетокот на минатата сезона најави дека наскоро планира да се повлече од јавноста и медиумите и да ужива во животот. Многумина тогаш не го сфатија сериозно, бидејќи тој тоа го зборуваше неколку години, но сега, кога ќе му истече договорот, се плашат дека тој ќе се реши на овој за многумина незамислив чекор, вели изворот.
Поповиќ потврди дека договорот му истекува, но дека ќе остане во жирито, доколку останат сите други членови на жирито.
– Договорот ми истекува, но не реков дека сакам да го напуштам жирито. Ако сите останат во жирито, јас секако ќе останам. Ќе одам во Опатија, но не планирам да одам никаде – изјави Саша.
Да потсетиме, на почетокот на тековната сезона во септември годинава, самиот Поповиќ во изјава за медиумите потврди дека сериозно размислува да се повлече од медиумите и дека сигурно нема повторно да оди на аудиции, како што беше случај досега.
– Во април на 68 години ќе се пензионирам, премногу е веќе на тие години да одам на ауиции. Ќе останам во компанијата, ќе организирам се, но зад камерите не мора повеќе да ја водам емисијата. Ќе ми биде малку пријатно да побегнам од насловните страници. Ќе ми годи да се одморам и да се сончам, да го поминам ова малку живот што остана надвор од медиумите – изјави тогаш Саша.