Крис Гарсија сними неверојатно видео, а во неговиот опис на инстаграм стои „Мислев дека ќе умреме!“
Видеото прикажува лудо возење на моделот „Mitsubishi Lancer Evo“ на планински пат. По една остра кривина, тој налетува на автомобил кој полукружно свртува по средината на патот.
За среќа, успеал да сврти надвор од асфалтот, задржувајќи ја контролата над возилото, а откако го заобиколи испречениот автомобил, се врати на сфалтот без последици.
Набрзо мораше да застане, што сведочи за тоа дека шокот бил преголем.