Младенци од Хрватска испратиле покани за свадба во облик на уплатница.

Оригиналната покана на идните младенци од Имотски, Хрватска, стана вистински хит, а објавена е на интернет страницата Дневна доза на просечен Далматинец.

Имено, младенците на своите гости одлучиле да им врачат покана во облик на уплатница. Иако некои во коментарите на Фејсбук напишале дека на прв поглед за малку срцето ќе им застанело кога ја здогледале уплатницата, набрзо сфатиле за што станува збор.

Младенците на тој начин се пошегувале дека износот на плаќање би требало да биде колку што може поголемо, и дека парите одат наменски за виното, пршутата, сирењето, ракијата и јагнешкото. Оние коишто ја виделе поканата, се воодушевиле од идејата на младенците.

Шифрата на намената, секако е плаќањето на столот, а начинот на плаќање секако е во коверт. Гостите можат да платат во евра или во куни, а ги плаќаат пршутата, сирењето, јагнешкото, ракијата, виното и останатите свадбени деликатеси.