Српската манекенка која почина по тешката битка со ракот го потресе целиот регион. Таа освен поддршката која ја добиваше на социјалните мрежи добиваше и нечовечки коментари од нејзините следбеници на Инстаграм.
Сега веќе починатата 33 годишна мисица пред да почине доби непристојно прашање преку апликацијата „Ask me a question“, па така на неа и беше поставено прашањето зошто се средува и облекува убаво кога знае дека ќе умре?
По овој коментар таа и одговори во позитивен дух, па со својот одговор инспирираше многумина.
-А ти знаеш па ми го поставуваш ова прашање? Јок бушава ли да одам? Не знам како поинаку да одговорам на вакво прашање затоа се одговарам на шега и се надевам дека и оваа личност се шегува, одговорила тогаш Дијана.
Таа преку оваа апликација добила и останати вакви коментари каде и порачувале „да не сонува дека ќе се излечи“…